Sony Xperia E5 - Одржување со помош на компјутер

background image

Одржување со помош на компјутер

Xperia™ Companion

Xperia™ Companion е софтверска услуга што содржи колекција на алатки и апликации што може
да ги користите кога го поврзувате уредот со компјутер. Со Xperia™ Companion, може да:

Го ажурирате или поправите софтверот на уредот.

Пренесувате содржина од стариот уред користејќи Xperia™ Transfer.

Правите резервна копија и обнова на содржина во компјутерот.

Синхронизирате мултимедијална содржина – фотографии, видеа, музика и листи со песни –
помеѓу уредот и компјутерот.

Пребарувате датотеки на уредот.
За да користите Xperia™ Companion, потребен ви е компјутер поврзан на интернет што користи
еден од следниве оперативни системи:

Microsoft

®

Windows

®

7 или понова верзија

Mac OS

®

X 10.11 или понова верзија

36

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Дознајте повеќе и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion/ или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac/.

Управување со датотеките со помош на компјутер

Поврзете го уредот со компјутер на Windows

®

со помош на USB кабел за пренесување и

управување со своите датотеки.
Штом ќе се поврзат двата уреда, може да изберете дали сакате да го полните уредот, да
пренесувате датотеки, да го користите како извор за напојување или за MIDI-внесување.
Компјутерот ќе го открие уредот кога ќе го изберете режимот за поврзување за Пренос на
датотеки (MTP)
. Стандардниот режим за поврзување е поставен како Само за полнење.
Со Xperia™ Companion, може да пристапувате до системот на датотеки на уредот. Ако немате
инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го поврзете уредот со
компјутерот.

Секогаш користете USB кабел наменет за специфичниот модел на Xperia™ и
проверувајте дали е целосно сув.

Режим на поврзување за USB

Може да го користите режимот за поврзување Пренос на датотеки (MTP) за управување со
датотеките и за ажурирање на софтверот од уредот. Овој USB режим се користи со компјутерите
на Microsoft

®

Windows

®

. Полнењето е вклучен стандардно.

Менување на режимот за USB-конекција

1

Поврзете USB-приклучок со уредот.

2

Повлечете ја лентата за статус надолу и допрете Само за полнење.

3

Допрете Пренос на датотеки (MTP) или МИДИ според потребите.