Sony Xperia E5 - Управување со батеријата и енергијата

background image

Управување со батеријата и енергијата

Уредот има вградена батерија. За да ја искористите максимално, следете ја потрошувачката на
енергија на различните апликации и функции. Функциите за штедење енергија во заднина
стандардно се активираат за да се намали потрошувачката на батеријата, а дополнителните
режими за штедење енергија се достапни за да ви помогнат при понатамошно намалување на
потрошувачката на батеријата кога тоа е потребно.
Функциите за штедење енергија го намалуваат приоритетот за одредени функции коишто не се
неопходни за уредот, како што се изведбата за слики со повисок квалитет, мрежните активности
како услугите за локација, синхронизација на апликацијата и скенирање на Wi-Fi во заднина. Ако
не сакате ова да влијае врз одредена апликација, може да направите исклучок во менито
Оптимизација на батеријата. Ова не влијае врз телефонските повици и SMS-пораките.

Ажурирањата на системот може да ги променат функциите за штедење енергија достапни
на вашиот уред.

Преглед на потрошувачката на батеријата, преостанатото време и совети за
штедење на енергија

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење на батеријата. Се појавува преглед
со процентот на батеријата и нејзиното преостанато време.

3

Може да видите и листа на функции и услуги што трошеле енергија од батеријата од
последниот циклус на полнење. Допрете на одреден објект за да добиете информации како
да ја намалите неговата потрошувачка на батеријата.

Преглед на потрошувачката на батеријата за апликациите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Одберете апликација и прегледајте ја потрошувачката на батеријата под Користење на
батеријата
.

Совети за општа употреба за подобрување на перформансите на батеријата

Следниве совети можат да ви помогнат да ги подобрите перформансите на батеријата:

Намалете го нивото на светлина на екранот. Видете во Поставки на екранот на
страницата 55.

Исклучете ги Bluetooth®, Wi-Fi и услугите за локација кога не ви се потребни.

Исклучете го уредот или користете авионски режим доколку сте во област со слаба или без
мрежна покриеност. Во спротивно, вашиот уред постојано ќе бара достапни мрежи, а тоа
троши енергија.

Користете Wi-Fi мрежа наместо роаминг кога сте во странство. Роамингот ја бара вашата
домашна мрежа, што ја троши батеријата дополнително бидејќи уредот мора да пренесува
со зголемена излезна енергија. Видете во Wi-Fi на страницата 45.

Променете ги поставките за синхронизација на е-поштата, календарот и контактите. Видете
во Синхронизирање со електронски сметки на страницата 51.

Проверете ги апликациите што ја трошат многу батеријата и размислете за примена на
советите за штедење на батеријата дадени во уредот за овие апликации.

Променете го нивото на известување за апликацијата. Видете во Известувања на
страницата 27.

Исклучете ја дозволата за споделување на локацијата за одредена апликација. Видете во
Поставки за апликации на страницата 56.

Деинсталирајте ги апликациите што не ги користите. Видете во Екран со апликации на
страницата 23.

Користете оригинален handsfree уред на Sony за да слушате музика. Handsfree уредите
трошат помалку батерија отколку звучниците на уредот.

Рестартирајте го уредот одвреме-навреме.

34

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Правење исклучоци во функциите за штедење енергија за апликациите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење на батеријата.

3

Допрете и одберете Оптимизација на батерија. Ќе видите листа на апликации
коишто не се оптимизирани.

4

За да додадете или да отстраните апликации од оваа листа, допрете Не е
оптимизирано
> Сите апликации. Одберете апликација и одберете ја
релевантната опција.

5

Листата на апликации коишто не се оптимизирани ќе се ажурира согласно поставките.

Оптимизација на батерија Може да се конфигурира и од менито Апликации со
допирање на .

Штедач на батеријата

Штедачот на батеријата е корисна функција за продолжување на животниот век на батеријата со
намалување на услугите коишто ја трошат батеријата, како што се вибрациите, услугите за
локација и поголемиот дел од заднинските податоци. Може да го вклучите рачно или да го
поставите да се вклучува автоматски кога ќе биде достигнато одредено ниво на процент на
батеријата. се појавува во лентата за статус.

Штедачот на батеријата се исклучува кога се полни уредот.

Активирање или деактивирање на штедачот на батеријата

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење на батеријата.

3

Допрете на и одберете Штедач на батерија.

4

Допрете го лизгачот за да ја активирате или деактивирате функцијата.
За да го поставите да се вклучува автоматски, само допрете Вклучи автоматски и изберете
ја претпочитаната опција.