Sony Xperia E5 - Водење сметка дека вашиот уред е заштитен

background image

Водење сметка дека вашиот уред е заштитен

Вашиот уред вклучува неколку безбедносни опции што се препорачуваат во случај на губење или
кражба.
Тоа се следниве опции:

Поставете безбедно заклучување на екранот од вашиот уред со помош на PIN, лозинка или шема
за да спречите пристап или ресетирање на уредот. За повеќе информации погледнете
Заклучување на екранот на страницата 11.

Додајте сметка на Google™ за да не се користи вашиот уред ако е украден или избришан. За
повеќе информации погледнете Зошто ми треба сметка на Google™? на страницата 9.

Активирајте ја или веб-услугата „Заштита со my Xperia“ или Android™ Device Manager. Користејќи
една од овие услуги, може оддалеку да го лоцирате, заклучите или форматирате загубениот уред.
За повеќе информации погледнете во Наоѓање на изгубениот уред на страницата 18.

Потврдување на сопственоста на уредот

Кога уредот е заштитен, треба или да го отклучите вашиот екран со вашиот PIN, лозинка, шема
или да ги внесете информациите за сметката на Google™ во зависност од функциите на заштита
кои ги користите. Подолу ќе најдете примери на заштитни функции и некои од потребните
акредитиви:

Заштита со
ресетирање на
фабричките податоци

Мора да го отклучите вашиот екран пред да може да извршите ресетирање на фабричките
податоци.

Заштита од my Xperia

Ако далечински го ресетирате вашиот уред со оваа услуга, мора да внесете корисничко име и
лозинка за Google™ сметката којашто е поставена со услугата. Уредот мора да биде поврзан со
интернет пред да заврши процесот на поставување. Во спротивно, нема да може да го
користите уредот по ресетирањето.

Управувач со уреди
на Android™

Ако далечински го ресетирате вашиот уред со оваа услуга, мора да внесете корисничко име и
лозинка за Google™ сметката. Уредот мора да биде поврзан со интернет пред да заврши
процесот на поставување. Во спротивно, нема да може да го користите уредот по ресетирањето.

Поправка на
софтверот

Доколку го користите софтверот Xperia™ Companion за да извршите поправка на софтверот, ќе
треба да ги внесете корисничкото име и лозинката од сметката на Google™ кога ќе го вклучите
уредот по завршување на поправката.

За Управувач со уреди на Android™, потребно е да внесете информации од Google™
сметката. Тоа може да биде која било Google™ сметка којашто сте ја поставиле на
уредот. Ако не можете да ги обезбедите релевантните информации за сметката во текот
на процесот на поставување, воопшто нема да може да го користите уредот.