Sony Xperia E5 - Заштита на SIM-картичката

background image

Заштита на SIM-картичката

Секоја SIM-картичка во уредот може да се заклучи и отклучи со PIN (Personal Identification Number
- личен број за идентификација). Кога SIM-картичката е заклучена, претплатата поврзана со неа е
заштитена од злоупотреба и при секое вклучување на уредот треба да внесувате PIN.
Ако внесете неточен PIN премногу пати, вашата SIM-картичка ќе се блокира. Тогаш треба да го
внесете вашиот PUK (Personal Unblocking Key - лична шифра за отклучување) и потоа нов PIN. PIN
и PUK броевите ви ги дава мрежниот оператор.

Поставување заклучување на SIM-картичката

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучување и безбедност >
Постави заклучување на SIM-картичка.

3

Повлечете го лизгачот покрај Заклучи SIM-картич. надесно.

4

Внесете го PIN-кодот на SIM-картичката и допрете OK. Заклучувањето на SIM-картичката
сега е активно и од вас ќе се бара да го внесувате PIN-кодот при секое рестартирање на
уредот.

Отстранување на заклучувањето на SIM-картичката

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучување и безбедност >
Постави заклучување на SIM-картичка.

3

Повлечете го лизгачот покрај Заклучи SIM-картич. налево.

4

Внесете го PIN-кодот на SIM-картичката и допрете OK.

Промена на PIN-кодот од SIM-картичката

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Екран при заклучување и безбедност >
Постави заклучување на SIM-картичка.

3

Допрете Промени PIN на SIM.

4

Внесете го стариот PIN на SIM-картичката и допрете OK.

5

Внесете го новиот PIN на SIM-картичката и допрете OK.

6

Повторно внесете го новиот PIN на SIM-картичката и допрете OK.

Отклучување блокирана SIM-картичка со помош на PUK кодот

1

Внесете го PUK кодот и допрете

.

2

Внесете нов PIN код и допрете

.

3

Повторно внесете го новиот PIN код и допрете

.

Доколку премногу пати внесете неточен PUK код, треба да контактирате со мрежниот
оператор за да земете нова SIM-картичка.