Наоѓање на идентификацискиот број на уредот
Вашиот уред има единствен ID (идентификациски) број. Во уредот, овој број се спомнува како IMEI
(Меѓународен идентитет на мобилна опрема). Треба да чувате копија од овој број. Може да ви
треба, на пример, кога ќе пристапите до услугата за поддршка Xperia™ Care и треба да го
регистрирате својот уред. Исто така, доколку уредот го украдат, некои мрежни оператори може да
го користат овој број за да го прекинат пристапот на уредот до мрежата во вашата земја.
17
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прегледување на бројот IMEI на лежиштето за етикети
Не виткајте го лежиштето за етикети кога го извлекувате или враќате назад.
1
Отстранете го капакот за нано SIM/мемориската картичка.
2
Користејќи го нокотот, извлечете го држачот на нано SIM-картичката.
3
Влечете го лежиштето за етикети со помош на нокотот од прстот додека не го фатите.
4
Држете ги двата дела од лежиштето за етикети и влечете го хоризонтално како што е
прикажано на илустрацијата.
За да ги видите бројот IMEI, може и да го отворите телефонскиот бирач и да внесете
*#06#
.
Прикажување на бројот IMEI преку поставките на уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Информации за IMEI.