Избирање мобилни мрежи
Вашиот уред автоматски се префрла меѓу мобилните мрежи во зависност од тоа кои мобилни
мрежи се достапни таму каде што се наоѓате. Можете исто така мануелно да го поставите уредот
да користи одреден режим на мобилна мрежа, на пример WCDMA или GSM.
Во лентата за статус се прикажуваат различни икони за статус, во зависност од видот на мрежата
со која сте поврзани. Погледнете Икона за статус на страницата 30 за да видите како
изгледаат различните икони за статус.
Одбирање мрежен режим
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.
3
Одберете ја опцијата Претпочитан тип мрежа, па одберете мрежен режим.
Рачно одбирање друга мрежа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи > Оператори на
мрежа.
3
Допрете Режим на пребарување, па одберете Рачно.
4
Одберете мрежа.
Ако рачно одберете мрежа, уредот нема да бара други мрежи дури и ако излезете надвор
од досегот на рачно одбраната мрежа.
49
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Активирање автоматско одбирање мрежа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи > Оператори на
мрежа.
3
Допрете Режим на пребарување, па одберете Автоматски.