Sony Xperia E5 - Календар

background image

Календар

Користете ја апликацијата Календар за управување со својот временски распоред. Доколку сте
пријавени и го синхронизирате уредот со една или повеќе електронски сметки коишто вклучуваат
календари, на пример сметката на Google™ или Xperia™ со сметка на Facebook, тогаш настаните
од календарите на тие сметки ќе се појават и во апликацијата Календар. Може да изберете кои
календари да ги опфатите во комбинираниот приказ на календарот.
Кога ќе се приближи времето за состанокот, уредот репродуцира звук за да ве потсети.

1 Изменувајте ги поставките, одберете тип приказ и календари коишто сакате да ги прегледате

2 Вратете се на тековниот датум

3 Пристапете до другите опции

4 Потчукнете налево или надесно за побрзо пребарување

5 Додајте настан во календарот

Дознајте повеќе за календарот

Кога ќе ја отворите апликацијата Календар, повлечете го левиот раб од екранот надесно,
потоа пронајдете и допрете Помош.