Општи поставки на камерата
Преглед на поставките за режимот на снимање
Автоматско оптимизирање
Оптимизирајте ги поставките за да одговараат на секоја сцена.
Рачно
Рачно прилагодете ги поставките на камерата.
За да менувате помеѓу режимите на снимање
1
Активирајте ја камерата.
2
Лизнете со прст на екранот за да го изберете саканиот режим на снимање.
97
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Автоматско оптимизирање
Режимот на автоматско оптимизирање ги препознава условите во коишто фотографирате и
автоматски ги прилагодува поставките за да ви овозможи да направите најдобра можна
фотографија.
Рачен режим
Користете го рачниот режим кога сакате рачно да ги прилагодите поставките на камерата за
снимање и фотографирање.
Зачувување локации
Додавајте информации за географската локација (гео-ознака) во фотографиите додека ги правите.
Снимање со допир
Одредете ја областа за фокусирање и потоа допрете го со прстот екранот на камерата.
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го ослободите прстот.
Мрежни линии
Вклучете ги или исклучете ги мрежните линии во пронаоѓачот на изглед од камерата.
Автоматско прикажување на фотографиите
Може да изберете фотографиите да се прикажуваат веднаш по снимањето.
Вклучено
Откако ќе ја снимите фотографијата, во долниот десен агол на екранот ќе се појави нејзиниот приказ во траење од 3
секунди.
Само предната камера
Откако ќе снимите фотографија со предната камера, во долниот десен агол на екранот ќе се појави нејзиниот приказ во
траење од 3 секунди.
Исклучено
Фотографијата или видеото се зачувува по снимањето и не се појавува приказ.
Користење на копчето за јачина на звукот
Може да одберете како да го користите копчето за јачина на звукот додека фотографирате.
Зумирање
Користете го копчето за јачина на звукот за да зумирате или одзумирате.
Јачина на звук
Користете го копчето за јачина на звукот за прилагодување на јачината на звукот.
Бленда
Користете го копчето за јачина на звукот за да фотографирате.
Звук
Може да го вклучите или исклучите звукот на блендата.
Меморија
Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.
Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.
SD-картичка
Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.
98
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Брзо стартување
Користете поставки за Брзо стартување за стартување на камерата кога екранот е заклучен.
Само стартувај
По повлекувањето
навнатре, се активира главната камера од режимот на мирување.
Стартувај и сликај
По повлекувањето
навнатре, се активира фотоапаратот од режимот на мирување и се слика фотографија.
Стартувај и снимај видео
По повлекувањето
навнатре, се активира видео камерата од режимот на мирување и започнува снимањето.
Исклучено
Боја и светлина
Може рачно да ја приспособите бојата и светлината кога е прикажана иконата за боја и светлина
.
Баланс на бела боја
Оваа поставка, што е достапна само во режимот на снимање Рачно, го прилагодува балансот на
бои според осветлувањето. Може и рачно да ја прилагодите експозиција во опсегот од -2,0 EV до
+2,0 EV. На пример, може да ја зголемите светлината на сликата или да ја намалите вкупната
експозиција со допирање на контролите плус или минус соодветно кога ќе се прикаже иконата за
поставување баланс на бела боја .
Автоматски
Го прилагодува балансот на бои автоматски според осветлувањето.
Усвитеност
Го прилагодува балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.
Флуоресцентна
Го прилагодува балансот на бои за флуоресцентно осветлување.
Дневна светлина
Го прилагодува балансот на бои за надворешни, сончеви услови.
Облачно
Го прилагодува балансот на бои за облачно време.