Sony Xperia E5 - Подобрување на излезниот звук

background image

Подобрување на излезниот звук

Може да му го подобрите звукот на уредот со рачно вклучување на одделните поставки за звукот,
како што се еквилајзер и опкружувачки звук. Може да го вклучите динамичкиот нормализатор за да
ги минимизирате разликите во јачината на звукот помеѓу песните или видеата. Може и да му го
подобрите квалитетот на компримираните музички датотеки за да слушате квалитетно аудио со
висока резолуција при користење поврзани слушалки.

Автоматско подобрување на излезниот звук

1

Од почетниот екран, допрете го .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Аудио поставки.

3

Влечете го лизгачот покрај ClearAudio+ надесно.

Рачно прилагодување на поставките за звук

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Аудио поставки.

3

Повлечете го лизгачот покрај ClearAudio+ налево.

4

Допрете Звучни ефекти > Еквилајзер.

5

Прилагодете ги поставките за звукот со влечење на копчињата за фреквентниот опсег
нагоре или надолу.

Рачното прилагодување на поставките на излезниот звук не влијае на апликациите за
гласовна комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на звукот на гласовниот
повик.

Намалување на разликите во звукот користејќи динамично балансирање

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Аудио поставки.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Динамично балансирање.