Sony Xperia E5 - Ресетирање на апликациите

background image

Ресетирање на апликациите

Може да ја ресетирате апликацијата или да ги избришете нејзините податоци доколку
апликацијата престане да реагира или предизвика проблеми со уредот.

Ресетирање на претпочитаните вредности за апликациите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Допрете , потоа допрете Ресетирај претпоч. вредн..

Доколку ги ресетирате претпочитаните вредности за апликациите, податоците на
апликациите не се бришат од уредот.

За да ги избришете податоците за апликација

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Изберете апликација или услуга, па допрете Зачувување > ИЗБРИШИ
ПОДАТОЦИ
.

Кога ќе ги бришете податоците за апликацијата, податоците за избраната апликација
трајно се бришат од уредот. Опцијата за бришење на податоците за апликација не е
достапна за сите апликации или услуги.

За да го избришете кешот на апликацијата

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Изберете апликација или услуга, па допрете Зачувување > ИЗБРИШИ КЕШ.

Опцијата за бришење на кешот на апликација не е достапна за сите апликации или
услуги.

За да го избришете стандардното поставување на апликацијата

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Изберете апликација или услуга, па допрете Отвори стандардно > ИЗБРИШИ
СТАНДАРДНИ ВРЕДНОСТИ
.

Опцијата за бришење на стандардното поставување на апликацијата не е достапна за
сите апликации или услуги.