Јачина и поставки на звукот
Можете да ја прилагодувате јачината на известувањата, како и јачината на репродукцијата на
музика и видео.
Приспособување на јачината на звукот при ѕвонење со копчето за јачина на звук
•
Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.
Прилагодување на јачината на звукот при репродукција на медиуми со копчето за
јачина на звукот
•
Кога се репродуцира музика или гледате видео, притиснете го копчето за јачина на звукот
нагоре или надолу, дури и кога екранот е заклучен.
Вклучување режим на вибрирање
•
Притискајте го копчето за јачина на звукот нагоре или надолу додека не се појави
.
Прилагодување на нивоата за јачина на звукот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување.
3
Повлечете ги лизгачите за јачина на звукот до саканата положба.
Притиснете го копчето за јачина на звукот нагоре или надолу и потоа допрете
за
одделно да ги прилагодите нивоата за јачина на звукот на тонот на ѕвонење, медиумската
репродукција или алармот.
53
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Поставување на уредот да вибрира за дојдовни повици
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Звук и известување.
3
Повлечете го лизгачот покрај Вибрации и за повици надесно.
Поставување тон на ѕвонење
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Тон на ѕвон. на
телеф..
3
Одберете некоја опција од листата или допрете и одберете музичка датотека зачувана
во уредот.
4
За да потврдите, допрете Готово.
Одбирање звук за известување
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Звук за
известување.
3
Одберете некоја опција од листата или допрете и одберете музичка датотека зачувана
во уредот.
4
За да потврдите, допрете Готово.
Некои апликации имаат сопствени специфични звуци за известување коишто може да ги
одберете од нивните поставки.
Вклучување тонови при допир
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Други звуци.
3
Повлечете ги лизгачите до Тонови на тастатурата и Звуци при допир надесно.