Внесување текст со глас
Кога ќе внесете текст, може да ја користите функцијата за гласовно внесување наместо да
пишувате зборови. Само кажувајте ги зборовите што сакате да ги внесете. Гласовното внесување
е експериментална технологија на Google™ и достапна е за одреден број јазици и региони. Пред
да започнете со користење, мора да го вклучите гласовното внесување.
Вклучување гласовно внесување
1
Кога тастатурата на екранот е прикажана, допрете
.
2
Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата.
3
Повлечете го лизгачот покрај Копче за гласовно пиш. на Google™ надесно.
4
Допрете за да ги зачувате поставките. На тастатурата на екранот сега ќе се појави
иконата за микрофон .
Внесување текст користејќи гласовно внесување
1
Отворете ја тастатурата на екранот.
2
Допрете . Кога ќе се појави , зборувајте за да внесете текст.
3
Кога ќе завршите, повторно допрете . Ќе се појави предложениот текст.
4
Уредете го текстот рачно доколку е потребно.
За да се појави тастатурата и да внесете текст рачно, допрете
.