Sony Xperia E5 - NFC

background image

NFC

Користете ги комуникациите на мало растојание (NFC) за да споделувате податоци со други
уреди, како што се видеа, фотографии, адреси на веб-страници, музички датотеки или контакти.
Може да ја користите NFC и за да ги скенирате ознаките коишто ви даваат повеќе информации за
производот или услугата, како и ознаките коишто активираат одредени функции во уредот.

114

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

NFC е безжична технологија со максимален опсег од еден сантиметар, така што уредите коишто
споделуваат податоци мора да се држат блиску еден до друг. За да може да користите NFC, мора
прво да ја вклучите функцијата NFC, а екранот на уредот мора да е активен.

NFC можеби не е достапна во сите држави и/или региони. Некои апликации на
компатибилни уреди може да користат NFC кога уредот е празен, т.е. не се напојува.
Имајте предвид дека не сите уреди ја поддржуваат оваа функција.

Вклучување на функцијата NFC

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе..

3

Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување покрај NFC.

Споделување контакт со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.

2

За да ги прегледувате контактите, појдете во Почетен екран, па допрете ја иконата
Контакти.

3

Допрете го контактот што сакате да го споделите.

4

Држете ги вашиот и приемниот уред со задните делови така што областите за откривање
NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави сликичка од
контактот.

5

Допрете ја сликичката за да започне преносот.

6

По комплетирањето на преносот, на екранот од приемниот уред се прикажуваат
информациите за контактот и исто така се зачувуваат во него.

Споделување музичка датотека со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.

2

За да ја отворите апликацијата Music, допрете , потоа најдете и допрете .

3

Одберете музичка категорија и пребарајте ја песната што сакате да ја споделите.

4

Допрете ја песна за да се репродуцира. Потоа можете да го допрете за да ја паузирате.
Преносот работи без разлика дали песната се репродуцира или е паузирана.

5

Држете ги вашиот уред и приемниот уред со задните делови така што областите за
откривање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави мала
слика од записот.

6

Допрете ја малата слика за да започне преносот.

7

Кога преносот ќе заврши, музичката датотека се репродуцира веднаш на приемниот уред.
Истовремено, датотеката се зачувува во него.

Споделување фотографија или видео со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.

2

За прикажување на фотографиите и видеата во уредот, појдете во Почетен екран, па
пронајдете и допрете Албум.

3

Допрете на фотографијата или видеото што сакате да се сподели.

4

Држете ги вашиот и приемниот уред со задните делови така што областите за откривање
NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави сликичка од
песната.

5

Допрете ја сликичката за да започне преносот.

6

Кога преносот ќе заврши, фотографијата или видеото се прикажува на екранот од
приемниот уред. Истовремено, ставката се зачувува во него.

115

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Споделување веб-адреса со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.

2

Од својот Почетен екран, допрете ја .

3

За да го отворите веб-пребарувачот, најдете и допрете .

4

Вчитајте ја веб-страницата што сакате да ја споделите.

5

Држете ги вашиот уред и приемниот уред со задните делови така што областите за
откривање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави мала
слика.

6

Допрете ја малата слика за да започне преносот.

7

Кога преносот ќе заврши, веб-страницата се прикажува на екранот од приемниот уред.

Скенирање ознаки за NFC

Уредот може да скенира разни видови ознаки за NFC. На пример, може да скенира ознаки
вградени на постер, на реклама на билборд или покрај производ во продавница. Можете да
добиете и дополнителни информации, како на пример, веб-адреса.

Скенирање ознака за NFC

1

Проверете дали е вклучена функцијата NFC на уредот и дали екранот е активен.

2

Поставете го уредот преку ознаката така што областа за откривање NFC ќе ја допира.
Вашиот уред ја скенира ознаката и ја прикажува собраната содржина. Допрете ја
содржината од ознаката за да ја отворите.

Поврзување со уред компатибилен со NFC

Може да го поврзете уредот со други уреди компатибилни со NFC произведени од Sony, како
звучник или слушалка. Кога воспоставувате таква конекција, побарајте повеќе информации во
упатството за компатибилниот уред.

Можеби ќе треба да ги активирате функциите Wi-Fi или Bluetooth® на двата уреда за да
може конекцијата да функционира.