Синхронизирање со електронски сметки
Синхронизирајте го својот уред со контактите, е-поштата, настаните од календарот и другите
информации од електронските сметки, како што се сметките на е-пошта на Gmail™ и Exchange
ActiveSync, Facebook™, Flickr™ и Twitter™. Може да синхронизирате податоци автоматски за
таквите сметки со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање. Или може секоја
сметка да ја синхронизирате рачно.
Поставување електронска сметка за синхронизација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхронизирање > Додај сметка, потоа
одберете ја сметката што сакате да ја додадете.
3
Следете ги инструкциите за создавање или пријавување на сметката.
Рачно синхронизирање со електронска сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки и синхронизирање .
2
Допрете го името на сметката со којашто сакате да синхронизирате. Се појавува листа со
објекти што покажува што може да се синхронизира со сметката.
3
Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување до објектот што сакате да го
синхронизирате.
Отстранување електронска сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Сметки и синхронизирање .
2
Допрете го името на сметката што сакате да ја отстраните.
3
Допрете , потоа допрете Отстрани сметка.
4
Допрете повторно Отстрани сметка за да потврдите.