Елементи
Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.
За да додадете елемент на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на вашиот Почетен екран додека уредот не завибрира,
па потоа допрете го Елементи.
2
Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.
Менување големина на графичките контроли
1
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
пуштете ги. Ако големината на графичките контроли може да се менува, на пример,
Календарот, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големина.
2
Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да ги намалите или зголемите графичките
контроли.
3
За да ја потврдите новата големина на графичките контроли, допрете каде било на
Почетен екран.
Преместување графички контроли
•
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
повлечете ги кон новата локација.
Отстранување графички контроли
•
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
повлечете ги кон Отстрани од почетен екран.