Мени на почетниот екран на албумот
Од менито на почетниот екран на албумот може да пребарувате до сите фотоалбуми, вклучувајќи
ги фотографиите и видеата снимени со камерата на уредот со користење специјални ефекти, како
и содржината што сте ја споделиле на интернет преку услуги како што се PlayMemories Online,
Picasa™ и Facebook. Штом ќе се пријавите на тие услуги, може да управувате со содржината и да
ги прегледувате сликите преку интернет. Од апликацијата Албум, може и да додавате гео-ознаки
во фотографиите, да извршувате основни задачи за уредување и да користите методи, како што
се безжичната технологија Bluetooth® и е-поштата, за споделување содржина.
1
Прегледајте ги фотографиите и видеата користејќи ја услугата PlayMemories Online
2
Вратете се на почетниот екран на апликацијата Албум за да ја прегледате целата содржина
3
Прегледајте ги омилените фотографии и видеа
4
Прегледајте ги сите видеа зачувани во уредот
5
Прегледајте ги своите фотографии на мапа или во приказот Глобус
6
Прегледајте ги фотографиите и видеата што сте ги скриле од приказот
7
Прегледајте ги сите фотографии и видеа направени со камерата на уредот со користење специјални ефекти
8
Прегледајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки
9
Прегледајте ги фотографиите и видеата на уредите во истата мрежа
10
Отворете го менито со поставки за апликацијата Албум
11
Лизгајте нагоре или надолу за преглед на содржината
12
Отворете ја веб-поддршката
Услугата PlayMemories Online не е достапна во сите држави и региони.
Прегледување фотографии од онлајн услуги во албумот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Албум, потоа допрете .
3
Допрете ја саканата онлајн услуга, потоа следете ги инструкциите на екранот за да
започнете. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги префрлиле во
услугата.
4
Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.
5
Потчукнете налево за прегледување на следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за прегледување на претходната фотографија или видео.